Темен режим Режим на светлина

Комисија за заштита од дискриминација: Културниот центар „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците

Продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација извршено од клубот „Ванчо Михајлов“ кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во македонското општество, утврди Комисијата за заштита од дискриминација.

Весна Бендевска од Комисијата за заштита од дискриминација на денешната прес -конференција рече дека Комисијата утврдила и продолжено повеќекратно повикување, потикнување и инструкција за вознемирување од културниот клуб „Иван Михајлов“ кон Сојузот на борци – Битола и кон припадниците на македонскиот народ и заедниците.

-Извршена е и индиректна дискриминација од Министерството за правда поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности со што му се овозможило на културниот центар да врши дискриминација и вознемирување. Согласно законот, Комисијата откако ќе утврди форма на дискриминација должна е да донесе препораки за начинот на кој ќе треба да се отстрани ова еклатантно вознемирување, рече Бендевска.

Комисијата го соопшти мислење по преставката за заштита од дискриминација поднесена од Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија и граѓаните продолжувачи против здружението Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола за извршена дискриминација врз национална и етничка припадност.

Комисијата ги препорачува следниве препораки:

– Се препорачува здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок од 45 дена.  Да ги отстрани сите спорни содржини од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена и што е најважно се препорачува Министерството за правада да изврши надзор врз законитоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации кој забранува да се организираат и формираат здруженија кои потикнуваат ширење на расна нетрпеливпост во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата, нагласи Бендевска.

Ова следува откако на 4-ти август годинава, КСЗД изврши увид во клубот од Битола. Бендевска е известителка за овој предмет, во кој се постапува по претставка добиена од здружение на граѓани.

-Комисијата нема законски надлежности да затвора. Таа утврдува или не утврдува било каква форма на дискриминација. Во предметов утврдивме потешки форми на дискриминација од здружението во Битола. Комисијата е должна да предложи и препорача начин на отстранување, истакна Бендевска на прес-конференција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Стартува 15. ултрамаратон за Тоше Проески од Нова Градишка до Крушево

Следна објава

Повторно одложено судењето за пожарот во модуларната болница, двајца обвинети не нашле адвокати