За 8 ноември е одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што денеска требаше да започне во Основниот суд Тетово. Ова е второ одложување на почетокот на судењето. Овој пат причина беше тоа што двајца од обвинетите Бобан Вучески и Артан Етени немаа обезбедено адвокати кои ќе ги бранат во процесот.
До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.
Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше Обвинителството.


