За најдобар во четвртото коло на Лигата на Европа е избран голот на македонскиот репрезентативец Енис Барди во победата на Трабзонспор против Монако од 4:0.
Мајсторијата на Барди беше забележана и од УЕФА, но и од фановите кои го изгласаа неговиот погодок за гол на колото во второто по ранг натпреварување во Европа. Конкуренти на Барди му беа Сорлот од Реал Сосиедад, Мартинез од Митијланд и Верман од ПСВ.
Барди од слободен удар шутираше под живиот ѕид и го постигна третиот гол за својот тим.
-Среќен сум за победата и освоените три бода. Задоволен сум и со мојот гол, меѓутоа најважно е тимот да победува. Имав проблеми во претходниот период со прекините и работев да го подобрам тој дел. Кога се подготвував да го изведам слободниот удар знаев дека живиот ѕид ќе скокне, а не видов никој зад нив, па си реков зошто да не се обидам, го објасни играчот за врска овој погодок.



