Темен режим Режим на светлина

Комуналците од вечерва продолжуваат со собирањето на сметот

Насобраното ѓубре по Скопје од вечерва ќе почне да се собира интензивно откако вработените во „Комунална хигиена“ денеска решија да се вратат на работа по неколкудневниот прекин. Тоа значи дека вработените од втората смена ќе почнат редовно да ги извршуваат работните обвски, а така ќе се продолжи и во наредниот период. Ова е  договорено на денешната средба меѓи СУТКОЗ и Извршниот одбор на Синдикалната организација на “Комунална хигиена“. Синдикалците од ова скопско јавно претпријатие донесоа одлука револтот на вработените да продолжи при што ќе се користат други законски права што ги имаат на располагање. Целта е граѓаните на Скопје да не трпат поради игнорантскиот однос на менаџментот на претпријатието во однос на решавање на проблемите на вработените во „Комунална хигиена“.

Како што рекоа претставниците на синдикатот, сите вработени денеска ќе почнат со своите работни активности. Претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски рече дека одлуката е во интерес на граѓаните, а со оглед на најавите за високи температури.

– Одлуката е во интерес на граѓаните и со оглед на најавите за високите температури, вработените во „Комунална хигиена“ ќе почнат со работа. Веќе втора смена денеска ќе излезе на терен, а ние институционално ќе си ја тераме работата. Не треба поради нечија одговорност граѓаните да трпат, рече тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Украинка, Португалка и жена од непозната држава приведени во тетовско село

Следна објава

Жена тешко повредена во сообраќајка додека возела мопед