Темен режим Режим на светлина

Жена тешко повредена во сообраќајка додека возела мопед

63-годишна жена e тешко повредена во сообраќајна незгода меѓу мопед и автомобил.

– Синоќа, вo 19 часот, било пријавено дека во Скопје на крстосницата од улицата Есенинова со улицата Никола Карев и булеварот Трета македонска бригада се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. П. (35), и мопед, управуван од С. З. (63), двајцата од Скопје. Во несреќата тешки телесни повреди добила С. З., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Комуналците од вечерва продолжуваат со собирањето на сметот

Следна објава

Од хотел во Градскиот парк одзеле сеф со пари, уапсени двајца скопјани