Темен режим Режим на светлина

Конечно ќе се направат ли катни гаражи во Кисела Вода, тротоарите се преокупирани од возила или дупки?

Конечно ќе се направат ли катни гаражи во Кисела Вода, тротоарите се преокупирани од возила или дупки? Конечно ќе се направат ли катни гаражи во Кисела Вода, тротоарите се преокупирани од возила или дупки?

Во Кисела Вода сообраќајниот хаос е секојдневие, тротоарите најчесто не служат за пешаци, туку за паркирани автомобили. Возилата се оставаат половина на тротоар, половина на улица, со што се блокира и движењето на граѓаните и нормалниот проток на сообраќајот. Мајки со колички, повозрасни лица и ученици се принудени да се симнуваат на коловозот за да поминат.

И тоа не е се – таму каде што има слободни тротоари, често не се уредени и со месеци зјаат дупки и раскопани површини по нив.

Добро е што градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, става приоритет на оваа општина како една од првите за воведување ред во паркирањето, преку воведување зонско паркирање и изградба на монтажни катни гаражи.

Но, ќе има ли место таму каде треба да се направат гаражите оти беспланското градење во изминатите години ја пренатрупаа со објекти Кисела Вода?

Сепак, жителите од овој дел на Скопје очекуваат сега конечно ветувањата да се остварат, оти и скопскиот градоначалник е од нивната општина. Орце Ѓорѓиевски е на потег.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Живееме ли во реалност – или во сопствена режија?

Живееме ли во реалност – или во сопствена режија?

Следна објава
Наскоро директна авио линија од Скопје кон Саудиска Арабија, најавија од Министерството за транспорт

Наскоро директна авио линија од Скопје кон Саудиска Арабија, најавија од Министерството за транспорт