Корисниците трошат преку 11 милиони долари дневно со тоа што ги поддржуваат своите омилени креатори на содржини. „ТикТок“ во 2024-та година ќе се приближи до заработка од 15 милијарди долари. Корисниците трошат преку 11 милиони долари дневно со тоа што ги поддржуваат своите омилени креатори на содржини, изјавила претседателката на компанијата „data.ai“, Лекси Сидоу, пренесува Си-ЕН-Ен.
Таа очекува дека корисниците на „ТикТок“ ќе минуваат 40 часа месечно на оваа апликација, за 22 проценти повеќе отколку во тековната година. „ТикТок“ заработува на апликацијата со која корисниците можат да купуваат подароци за инфлуенсерите на платформата, а кинеската апликација задржува 50 проценти од уплатите.
Корисниците оваа година најчесто купувале пакет од 1.321 „парички“ за 19,99 долари, а тоа претставува 25 проценти од сите приходи на „ТикТок“ во самата апликација.
Кинеската компанија има и други извори на приходи, како што се реклами и трговија преку интернет. Апликацијата за запознавање „Тиндер“ и платформата „Ју Тубе“ се блиску до заработка од 10 милијарди долари, но заостануваат зад „ТикТок“ за две до три милијарди долари.





