Темен режим Режим на светлина

ОН: 30 мај ќе биде Ден на компирот

Обединетите нации усвоија резолуција со која 30 мај го прогласуваат за Меѓународен ден на компирот, пренесува „Бета“. ФАО верува дека одбележувањето на тој ден „ќе ја нагласи важноста на компирот за глобалното земјоделство, развојната економија и безбедноста на храната“.

Предлогот беше поднесен од Перу. Инаку, во Перу се одгледуваат неколку илјади сорти компири, а во таа земја се наоѓа и Меѓународниот центар за компири.

Како што е наведено, компирот, по потекло од јужноамериканскиот регион Анди, пристигнал во Европа во 16 век, а потоа се проширил низ целиот свет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Украински политичар фрли рачни бомби за време на состанок

Следна објава

Јане Ченто со лажна белешка од куќен притвор бил однесен во Шутка, поради тоа е осуден полицаец