Во изминатото деноноќие во Македонија 14 лица починаа како последица од ковид-19, додека регистрирани се 307 новозаболени од направени 1854 теста.
Починатите се на возраст од 52 до 80-годишна возраст, најмногу од Скопје (пет), двајца од Охрид, и по еден од Прилеп, Гостивар, Штип, Кавадарци, Кичево, Свети Николе и Гевгелија, сите во болнички услови.
И меѓу новозаразените со коронавирус најмногу се од Скопје -137, со што бројот на активни случаи во главниот град е 6455, од вкупно 11311 лица во целата држава.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 658 оздравени пациенти.