Темен режим Режим на светлина

Лажен полицаец од Бугарија со измама зел 22.000 евра од жители на Аеродром и Гази Баба

Бугарски државјанин на 34-годишна возраст доби кривична пријава од СВР Скопје, бидејќи се сомничи дека сторил кривично дело „измама“.

МВР информира дека пријавениот кој живее во Република Бугарија, во септември и октомври 2022 година на подрачјето на Аеродром и Гази Баба, со прикажување на лажни факти и лажно претставувајќи се како полициски службеник, телефонски се јавувал кај повозрасни лица.

–Тој им кажувал дека блиски лица од нивните семејства направиле сообраќајна несреќа во која има починато лице или дека во сообраќајна несреќа некој од нивните блиски биле повредени. Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувал дека за одредена сума пари може да им помогне за нивно ослободување од кривична одговорност. На тој начин тој се стекнал со вкупна противправна имотна корист од околу 1.393.000 денари, се вели во соопштението на МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Инцидент во Мирковци: Откако го промашиле со куршум, го претепале

Следна објава

Се најде решение за превозот на учениците од Визбегово