Темен режим Режим на светлина

Казни за 157 возачи, седумина поминале на црвено, четворица немале ни дозвола…

Во сообраќајна контрола во Скопје полицијата вчера казнила 157 возачи, од кои 21 за брзо возење, четворица зашто немале возачка дозвола, тројца за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека ќе ги продолжи контролите и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево и топло со умерена локална облачност

Следна објава

67 килограми марихуана вредни 250.000 евра биле сокриени во подот на „фолксваген туран“