Темен режим Режим на светлина

Владата ги задолжува државните институции да ги користат услугите на „АД Пошта“

Posta, makedonska posta direkcija

Владата, согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на „АД Пошта“, ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на „АД Пошта“ на Република Северна Македонија, согласно измените на Законот, се посочува во владиното соопштение.

Истовремено како што се додава во напишаното, Владата им препорача и на сите општини и Град Скопје да ги користат услугите на „АД Пошта“ на Република Северна Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Приведен патник кој се соблекол гол до појас и викал „УЧК“ на летот од Брисел за Скопје

Следна објава

Припадници на Армијата ќе учествуваат во повеќе странски мисии