Темен режим Режим на светлина

Припадници на Армијата ќе учествуваат во повеќе странски мисии

На денешната владина седница, на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Припадници на АРМ ќе бидат испратени во: НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак; за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“, во Република Косово; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP ), во Република Летонија; за учество во меѓународната операција на ООН, „УНИФИЛ“, во Република Либан.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Владата ги задолжува државните институции да ги користат услугите на „АД Пошта“

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево и топло со умерена локална облачност