Темен режим Режим на светлина

Лична карта на жена злоупотребена за подигање брз кредит

Нова малверзација со лични карти на граѓаните, кои се злоупотребуваат за подигање на брзи кредити. 44 годишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип е најновата мета на измама, која вчера во 17 часот случајот го пријавила во полиција, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Таа пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за некој во нејзино име да подигне брз кредит.

„Според пријавеното, на социјалната мрежа Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на средства како донација за лекување на член на фамилија, по што едно лице преку порака на социјалната мрежа ѝ ја побарало личната карта за да направи донација, а по кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва“, се наведува во дневниот билтен на МВР.

Како што е пријавено, веднаш по приливот на средства потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка и побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје.

44 годишната жена се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР повикува македонските граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија

Следна објава

Приведено лице од Охрид, кај него бил најден метален пендрек