Темен режим Режим на светлина

Благодарение на пожртвуваната акција на пожарникарите локализиран пожарот во штипско и кумановско

Благодарение на пожртвуваната и храбра акција на штипските пожарникари, доцна во ноќта,  пожарот во штипско беше локализиран.

Штипските пожарникари ноќва некаде после два часот по полноќ успеаја да го локализираат пожарот на патот Штип – Радовиш. Во овој момент нема горење, но поради опасност од повторна појава и ширење на пожарот екипа на ТППЕ Штип е на терен, соопшти Центарот за управување со кризи.

И кумановските пожарникари со подршка на локалното население, околу полноќ го локализираа пожарот во Липковско. Во овој момент нема горење, но и тука поради опасност од повторна појава и ширење на пожарот пожарникарите се на терен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска претпладне сончево, попладне дожд

Следна објава

Тепачка меѓу двајца мажи во Чаир