Густата магла го отежнува авиосообраќајот на Меѓународен аеродром Скопје, каде според официјалните информации има повеќе откажани и одложени летови.
Од утрово се откажани летовите за Истанбул, Измир, Венеција и Љубљана, како и поголем дел од планираните полетувања.
Од ТАВ Македонија апелираат патниците редовно да ги следат информациите за своите летови преку авиокомпаниите, бидејќи временските услови се менуваат.
Сите промени во распоредот на летање се ажурираат во реално време на официјалната веб-страница на аеродромот, а патниците може да се информираат и на информативниот пулт кој работи 24 часа.
Поради намалената видливост предизвикана од маглата, вчера од полноќ до 18 часот биле откажани 16 летови, а 11 биле пренасочени. По подобрувањето на временските услови во попладневните часови, слетале и полетале по три авиони.