Магливо и облачно на првиот зимски ден

Значително облачно време, претпладне со магла и ниска облачност ќе преовладува денеска на скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во останати делови од Македонија ќе биде претежно облачно со магла и ниска облачност по котлините. Претпладне во јужните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во наредите денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по котлините. Промена на времето се очекува од петок попладне, која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и со опаѓање на дневната температура.

Инаку, денеска во 11 часот и две минути на северната хемисфера на Земјата календарски почнува зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Зимата ќе трае до 20 март 2021 година во 10 часот и 37 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Претходна вест100- годишнината од раѓањето на Блаже Конески на листата важни датуми на УНЕСКО
Следна вестКоце Трајановски: Шилегов го задолжи Градот за 30 милиони евра, каде отидоа парите?