Македонија напладне ги чека ривалите за ЕВРО 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска напладне ќе ги добие ривалите во квалификациите за ЕВРО 2024. На ждребот во Франкфурт, нашиот национален тим е сместен во четвртиот барабан.

Натпреварите ќе се играат од март до ноември следната година.

Ќе има десет групи, седум со по пет репрезентации, а три со шест. Познато е дека првите две екипи од секоја група ќе изборат пласман на ЕВРО 2024 година.

Барабан 1: Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска

Барабан 2: Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска

Барабан 3: Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Ц. Гора, Романија, Шведска, Ерменија

Барабан 4: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Ф. Острови, МАКЕДОНИЈА

Барабан 5: Словачка. С. Ирска,Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија,Молдавија, Малта

Барабан 6: Андора, Сан Марино, Лихтенштајн

Претходна вестКазнети 275 возачи во Скопје, 67 за брзо возење
Следна вестАкциска контрола во угостителски објекти, четири лица приведени