Темен режим Режим на светлина

Манасков го пропушта Луксембург, неизвесен и за мечот со Турција

Ова е прв собир по пензионирањето на Лазаров, Миркуловски и Стоилов, а од почетниот список нема да настапи и Дејан Манасков.

Левото крило на нашата репрезентација нема да игра со Луксембург, а постојат шанси да патува за Турција. Стручниот и медицинскиот тим ќе ја следи неговата ситуација неделава. Селекторот Лазаров на таа позиција ги повика Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.

Репрезентацијата ќе се комплетира утре со доаѓањето на интернационалците и ќе одржи два заеднички тренинзи пред дуелот со анонимниот противник.

Покрај Луксембург и Турција, противник на македонската репрезентација е и селекцијата на Португалија/

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија во група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Следна објава

Ги нападнал своите син и мајка, приведен маж од Тетово