Ракометарите го декласираа Луксембург

Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф (38:24) над Луксембург во квалификациите за Европското првенство во 2024. Подмладената селекција на Кире Лазаров демонстрираше квалитет и ја потврди фаворитската улога на овој натпревар.

Уште од стартот Македонија го презеде водство, постигна три гола во низа и беше јасно дека победата нема да дојде во прашање. На полувреме нашиот национален тим обезбеди двоцифрена предност (18:7), а потоа рутински ги приведе мечот до крај.

Најефикасен во составот на Македонија беше Кузманоски со шест гола.

Претходна вестПочина Славе Атанасовски, првиот македонски ракометен селектор
Следна вестОблачно со повремен дожд