Темен режим Режим на светлина

Македонија поразена од Романија

Македонската женска ракометна репрезентација го одигра своето најдобро полувреме на Европското првенство, но тоа не беше доволно за пласман во втората рунда, откако Романките, предводени од моќната Кристина Неагу стигнаа до 31:23 победа во Скопје.

Во солидното прво полувреме, тимот на Љубомир Савевски постојано беше во негатива, но не дозволивме Романија да се одвои, пред во второто полувреме, тие да направат предност, која потоа не беше достижна за македонската репрезентација.

Сања Дабевска беше најефикасна со 7 постигнати голови, пет додаде Симона Маџовска, додека кај Романија, Неагу беше убедлива со 10 голови и со фантатична прецизност од над 70 отсто.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Утре без струја повеќе улици во неколку скопски општини

Следна објава

Наутро магла, попладне сончево