Темен режим Режим на светлина

Македонија со најдобрите на Европското првенство, Лазаров без изненадувања

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојното Европско првенство во ракомет, кое ќе се одржи во Данска.

Првиот собир на националниот тим е закажан за 22 декември, со почеток во 13:30 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје. На списокот нема изненадувања, а Лазаров за континенталниот шампионат се одлучи за најдобрите ракометари со кои располага во овој момент.

Македонија на Европското првенство ќе настапи во силна група, а во првата фаза ќе се соочи со репрезентациите на Португалија, Романија и домаќинот Данска.

Со објавувањето на списокот, репрезентацијата официјално ги започнува подготовките за уште еден настап на голема сцена, каде целта е достојно претставување и борба за пласман во следната фаза од шампионатот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Едногласна поддршка: Ѓорѓиевски останува претседател на ЗЕЛС

Следна објава
26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет

Лихварство вредно 167.000 денари: Кривична пријава против двајца од Кавадарци