Темен режим Режим на светлина

Лихварство вредно 167.000 денари: Кривична пријава против двајца од Кавадарци

26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет 26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет

Неготинската полиција поднесе кривична пријава за лихварство против двајца жители на Кавадарци, информираа попладнево од Сектор за внатрешни работи Велес.

Од ОВР Неготино соопштија дека до Основното јавно обвинителство Кавадарци е поднесена кривична пријава против Н.С. (59) и Р.С. (34), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Според пријавата, во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година, осомничените на лице од Неготино му давале пари на заем врз основа на писмени и усни договори, при што за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупен износ од 167.000 денари. Оштетениот доставил и соодветни докази за случајот.

По наредба на Основен суд Кавадарци бил извршен претрес во нивниот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони, а кај Н.С. биле одземени и тефтери со забелешки. По извршените дејствија, двајцата осомничени биле лишени од слобода.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија со најдобрите на Европското првенство, Лазаров без изненадувања

Следна објава
Мицкоски вели дека Владата ги исполнила своите обврски, а денешните протест на ССМ се со политичка заднина

Апелациониот суд пресуди во корист на Мицкоски, СДСМ осудена за клевета