Неодамнешна анкета јасно покажа дека само 41 отсто од младите во Македонија „позитивно” ја перципираат ЕУ, а дури 24 проценти имаат „негативно” мислење за неа. Со неутрален став се останатите 35 проценти од македонската младина. Овие бројки јасно покажуваат дека кај младите имаат значајно разочарување кон Унијата за која со децении ни се кажува дека е единствената опција за Македонија.
Ова треба да ги подзамисли и властите во Скопје и комесарите во Брисел. На младината во Македонија треба да и се покаже јасна перспектива. Флоскулите за рајот кој следи од евробирократите и од македонските политичари очигледно не помагаат. Скопје треба да ги прави реформите и да се бори против корупцијата, а Брисел треба да престане со наметнувања на ветото кон нашата земја за се и сешто и воедно да дава лажни ветувања дека само уште ова направете го и ќе влезете во ЕУ.
Ако овие работи не се поправат очигледно е дека ќе предизвикаат македонската младина се повеќе да престанува да ја гледа иднината на својата земја во ЕУ.
Младите очекуваат искреност и вистинска демократија од Брисел. А работа и борба против корупцијата се очекува од македонската влада.