Темен режим Режим на светлина

Македонски инженери со претставка за „Чебрен“ до Пендаровски: Со 70-годишното давање на Црна Река на странска држава се загрозува одбраната на државата

Експертите од областа на електиката и хидропроизводството подллг времениски период ја опоменуваат македонската влада дека не треба да го даде на странци стратешкиот проект ХЕЦ „Чебрен“. Сега пратија реакција – претставка до шефот на државата Стево Пендаровски со цел да спречи повреда на јавниот интерес и одбраната на Република Македонија со прифаќањето на договорот за ХЕЦ „Чебрен“. Тоа го сторија од Здружението на инженери на Македонија.

Во претставката се наведува дека се бара Пендаровски во рамките на неговите можности и законски надлежности да го спречите загрозувањето на суверенитетот на државата определен со членот 1 од Уставот, територијалната целина на државата определена со членот 3 од Уставот и основите  на економските односи определени со членовите 56 и 57  од Уставот.

-Се загрозува и уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката согласно одредбите од Законот за Одбрана, кое би се случило со евентуалното доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река на PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. Greece која со нашата ЕСМ требал да основа Друштво за посебна намена, наведуваат инженерите.

Тие додаваат дека го повикуваат шефот на државата да интервенира и како Врховен командант на вооружените сили.

-Сметаме дека треба да преземете соодветни мерки бидејќи со евентуалното давање на 70 годишно владеење на контролата на водотекот на Црна Река на странска држава, а фирмата ППЦ е грчка државна фирма идентично со нашата АД ЕСМ, се загрозува одбраната на државата согласно Стратегијата за одбрана на Републиката, Планот за одбрана на Републиката и Процената на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката – документи кои Вие ги донесувате. Од Вас како претседател, бараме да постапите по оваа наша претставка и да ги преземање сите потребни дејствија и мерки за да се спречи повредата на јавниот интерес и одбраната на Републиката, се потенцира во обраќањето.

Инаку, ова Здружение на инженери во изминатиов период многупати реагираше и бараше да не се потпишува договорот до грчка фирма за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ бидејќи е крајно неповолен за Македонија. Тие наведуваат дека тој капитален објект треба да го гради Македонија, дека концесијата е предолга, дека има повеќе други неповолни одредби…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството

Се решава статусот на 1.117 ангажирани во здравството, се вработуваат на неопределено

Следна објава

Момче киднапирано и силувано во парк шумата Гази Баба поради долг од 150 евра