Темно Режим Светло Режим

Македонските одбојкари убедливи против БиХ

Македонската одбојкарска репрезентација лесно со 3-0 ( 25-20, 26-24, 25-13 ) во сетови ја совлада Босна и Херцеговина во третиот квалификациски меч од турнирот во Скопје. Македонија со убедливи 3-0 ја победи БиХ и го завери второто место на табелата, сега потребно е да ја победиме убедливо Турција или пак да загубиме колку што е можно потесно за да бидеме една од најдобрите пет второпласирани селекции во квалификациите.

Уште во првиот сет Македонија покажа дека ќе биде на повисоко ниво од претходните мечеви. Во загубивме сет од Босанците, но овој пат не им дозволивме такво нешто. Почнавме со 25-20.
Во вториот сет БиХ пружи поголем отпор, но финишот ни припадна нам и успеавме да го добиеме сетот со 26-24. Во третиот сет одигравме најдобро, буквално го прегазивме противникот со 25-13 за победа од 3-0.
Во сабота од 18 часот против Турција го играме последниот и клучен меч од квалификациите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

15 починати и 396 нови случаи на вирусот

Следниот Пост

Македонија поразена од Шведска