Иако го изгуби денешниот натпревар македонската ракометна репрезентација ја елиминира Романија во баражот за пласман на Светското првенство кое се игра идната година. Натпреварот кој се одигра во Романија четата на Кирил Лазаров го загуби со 22-24, но одат понатаму поради убедливата победа од 30-22 во првиот натпревар во Скопје.
Македонските репрезентативци во текот на целиот натпревар го држеа чпод контрола резултатот, а во неколку наврати имаа и водство од два гола разлика. Имаа и предност од три гола во текот на првото полувреме, по што како да го спуштија темпото, но треба да се нагласи и дека Рпманците се бореа со сите сили да не го изгубат натпреварот.
Нашиот најдобар играч кој воедно е и селектор, Кире Лазаров, постигна шест гола и беше прв стрелец.
Финалниот двомеч против Чешката Република ќе се одигра наредниот месец. Подобриот оди на Светското првенство.




