Темен режим Режим на светлина

Сонце со „заби“, температатурата ќе достигне до 9 степени

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

 

Утринското сонце во Скопје е со „заби“. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени. Целиот ден ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

До вторник ќе се задржи сончево и студено време со мала до умерена облачност и умерен до засилен североисточен ветер.

Во вторник на места ќе има зголемена облачност и услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег.

Од средината на седмицата ќе има позначителен пораст на температурата, особено на дневната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонските ракометари рутинирано закажаа двомеч со Чешка за пласман на Светско првенство

Следна објава

Сакам да живеам во Скопје што не плука во својот лик секој ден без исклучок