Актуелниот француски претседател Емануел Макрон води во првиот круг од претседателските избори со неколку процентни пред лидерката на крајната десница Марин Ле Пен. Според француските медиуми, во првиот круг се преброени 97 отсто од гласовите, а Макрон има 27,35 отсто, додека Ле Пен е на 23,97, а на трето место е лидерот на левичарското движење Жан-Лук Меланшон со 21,7 отсто од гласањето.
Макрон ќе се соочи со Ле Пен во вториот круг на 24 април, во кој, според анкетите, најверојатно ќе победи, иако таа предност нема да биде голема.
Макрон синоќа прогласи победа во првиот круг.
– Ги повикувам сите, вклучително и оние кои не гласаа за мене во првиот круг, да застанат со нас во вториот круг. Препуштајќи се на популизам и ксенофобија, ова не е Франција, порача тој.
Марин Ле Пен ги покани сите гласачи кои не се од страна на Макрон да ѝ се придружат и „да ја вратат Франција во ред“.
Четвртото место го освои кандидатот на партијата Реконквиста од крајната десница Ерик Земур со 7,05 отсто од гласовите.





