Темен режим Режим на светлина

Масовно напуштање на Нагорно-Карабах: Повеќе од 13.500 луѓе влегле во Ерменија

Сè поголем број етнички ерменски бегалци бегаат од Нагорно-Карабах откако Азербејџан минатата недела го зазеде спорниот регион, во кој живеат околу 120.000 етнички Ерменци.

-Повеќе од 13.500 луѓе веќе влегле во Ерменија од азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах, соопштија денеска ерменските власти.

Владата на Ерменија соопшти дека „на сите граѓани што немаат однапред одредено место на живеење ќе им се обезбеди соодветно сместување“.

-Ерменија е подготвена да ги прифати сите етнички Ерменци, сонародници, кои имаат намера да го напуштат Нагорно-Карабах, изјави претходно ерменскиот премиер Никол Пашинјан во своето обраќање до нацијата.

Околу 120.000 Ерменци од Нагорно-Карабах планираат да заминат во Ерменија бидејќи не сакаат да живеат како дел од Азербејџан и се плашат од етничко чистење, изјави Давид Бабајан, советник на претседателот на отцепениот непризнаен регион.

Инаку, најмалку 20 лица загинаа во експлозија во складиште за гориво во регионот Нагорно-Карабах. Во извештајот се додава дека 290 лица биле примени во болниците по синоќешната експлозија, а десетици „се уште се во критична состојба“, наведуваат британските медиуми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Груевски: Не сум се сретнал со луѓе од СДСМ, со многу политики на ВМРО-ДПМНЕ не се согласувам

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Поради сообраќајка патот Гостивар – Кичево во прекин за товарни возила