Темен режим Режим на светлина

Меџити најавува масовни вработувања во администрацијата: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

Меџити: Инвестиција од 1 милион евра за развој на спортот и образованието во Чаир Меџити: Инвестиција од 1 милион евра за развој на спортот и образованието во Чаир

Првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, ветува дека Албанците ќе се вработуваат во државната и јавната администрација.

На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјави Меџити.

Тој додаде дека Демократското движење е посветено на обезбедување поправично и подостоинствено претставување на Албанците во државните институции, создавајќи конкретни можности за вработување и професионален развој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица на средба со рускиот амбасадор: Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси

Следна објава

Еурофарм Пелистер ја доби мега-драмата со Динамо