Темен режим Режим на светлина

Мицкоски до евтопратеникот Јорданов: Нецивилизираност е што казнувате цела држава поради ваши историски фрустрации

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку „Фејсбук“ објасни дека ги видел и прочитал ставовите на бугарскиот европратеник Александар Јорданов. Воедно Мицкоски му одговара за тешките навреди кои Јорданов ги упати кон Македонија и Македонскиот народ.

-Тоа што сте член на Европскиот парламент не ви го дава правото на непочитување кон Македонија и постојаните фалсификати, историски и политички за кои говорите и ги произведувате. Кога говорите за Гоце Делчев, можам само да ѝ благодарам на мудроста на вашите претходници и на бугарските политичари, кои ја почитуваа желбата на големиот македонски херој и ги предадоа моштите во единственото слободно парче македонска почва, денешна Република Македонија. Тоа беше акт на бугарската почит кон македонскиот херој Делчев. Но, за жал, не пропуштате ниту миг да го изгнасите и нивниот чекор на пријателство и нашето природно право слободно да се повикуваме и да го славиме неговото дело, напиша Мицкоски.

Првиот човек на опозициската партија на Јорданов му порача:

-Никој не ви го оспорува правото да го почитувате Гоце Делчев доколку сакате. Но, почитувајте го во целост и она што вистински бил. Македонец, кој се борел за слободна Македонија, потенцира Мицкоски и додава:

-Го сфаќам и вашето неоправдано его и зголемена агресивност која ја црпите од молчаливоста и попустливоста на оваа македонската влада кон сите ваши глупости, лаги и измами. И тука можам да кажам дека тоа е наша македонска работа за која ние внатре во државата дебатираме и ќе се разбереме, но додека чкртате навреди кон мојот народ и Македонија да ви кажам што е цивилизирано, а што не.
Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија?, стои во подолгата објава на Мицкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Подготвен ли е СДСМ да биде малцински партнер во Владата?

Следна објава

Најново ветување: Битиќи закажа возење по автопатот Кичево – Охрид на 31 декември