Темен режим Режим на светлина

Најново ветување: Битиќи закажа возење по автопатот Кичево – Охрид на 31 декември

Автопатската делница Кичево – Охрид која доцни со години доби нов датум за свој завршеток. Заменик-претседателот на Владата задолжен за економските прашања Фатмир Битиќи синоќа беше категоричен дека тоа ќе се случи на крајот на годинава.

– Завршена е приказната на седнување по кафеани и договарање дали можат да добијат уште година дена. 31.12.2023 е крајниот рок во кој моите сограѓани од Охрид ќе може да патуваат за Скопје по автопатот Кичево-Охрид. Сите изведувачи имаат краен рок тоа да го направат и ако до тој датум не може да се вози по 95 од делницата, оти 5 отсто се пропратните патишта, некој ќе сноси сериозна одговорност, беше категоричен вицепремиерот во настапот на ТВ 24.

Досегашните доцнења тој ги објасни и како последица на 130 инфраструктурни проекти, кои претходни воопшто не биле нацртани, проектирани, не биле одобрени, а земјиштето не било трансформирано ниту експроприирано.

– Знаете што значи да направите 130 инфраструктурни проекти од кога проектот е започнат и за ова ни беа потребни 3,5 години и ова сега веќе е завршена работа, објасни Битиќи.

Вакви ветувања во минатата година давале и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Дали и ќе се остварат останува да се види бидејќи изградбата на овој важен и фреквентен патен правец веќе доцни со години. Почеток на градбата му беше уште во 2014 година кога тогашниот премиер Никола Груевски соопшти дека ќе биде долг 57 километри а дека ќе чини 375 милиони евра со рок на градба до 2018 година. Според проектот, новиот автопат почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Од тука преку Подмолје се поврзува со Охрид. Ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунелот „Пресека“ со две цевки.

Но, по промената на власта во државата во 2017 година, според образложението на надлежните институции, поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот беше продолжен 30 јуни 2021. Но, и тој рок не беше испочитуван па следеше ново одлагање но и зголемување на цената на изградбата – на цели 598 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски до евтопратеникот Јорданов: Нецивилизираност е што казнувате цела држава поради ваши историски фрустрации

Следна објава

Нови дојави за поставени бомби – евакуирани ученици од училиштето „Дуња“ во Кисела Вода