Нови дојави за поставени експлозивни направи денеска се добиени во неколку скопски училишта. Според сознанијата, порака за поставена бомба околу пладне е добиена во основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во скопската општина Кисела Вода. Таму наставата е веднаш прекината и е извршена евакуација на учениците.
Кај училиштето веќе се пристигнати полициски екипи кои започнале со предвидената постапка во вакви случаи.
Неофицијално се дознава дека дојдавата е примена и во најмалку уште едно основно училиште во Гази Баба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



