Темен режим Режим на светлина

Мицкоски: Македонија има највисока инфлација во регионот, платата поради тоа не е покачена, туку е намалена куповната моќ

Не само што не е покачена просечната плата како што тоа го говори Ковачевски, туку реалното покачување е негативно, односно имаме намалување и за тоа може да посведочи секој граѓанин кој што пазарува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за пофалбите на власта дека се зголемила просечната плата.

Мицкоски посочи дека инфлацијата во Македонија е убедливо највисока во регионот и изнесува 18,7 проценти, потенцирајќи дека покачувањето не реално, бидејќи цените на прехранбените производи се покачени, и тоа значи дека граѓаните имаат повеќе трошоци, а помалку плата.

„Инфлацијата во месец август, месец кој што го споредува Ковачевски е 18,7 проценти и ме убедливо највисока во регионот, нема повисока стапка на инфлација. Што значи дека доколку просечната плата е зголемена за 11,1 како што вели Ковачевски, реалниот пораст е 7,6 проценти во минус. Затоа што имате инфлација од 18,7 проценти, а зголемување многу помало од таа инфлација. И еве да бидам попрецизен млекото, лебот, јајцата, маслото се зголемени за 18,7 проценти, а паричната маса која што ја добил тој кој што ги купува овие производи е 11,1 процент. Што значи имаме повеќе трошоци, а помалку плата“, рече Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра

Вработен на онкологија зел мито од пациентка за и’ даде терапија

Следна објава

Приведени малолетници од Куманово поради тепачка пред средно училиште