Министерката Тренчевска се сретна со пензионерите: Работиме на измени на законот…

По големиот протест на пензионерите пред Владата, денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се сретна со претставниците на координативното тело за протестите.

Таа на средбата истакнала дека Владата има слух за сите граѓани во државата и дека одржувањето на денешната средба, како и претходната во Министерството за труд и социјална политика, се потврда за тоа. Министерката кажала дека веднаш по одржаната средба во Министерството, е формирана и работна група со номинирани членови на сите засегнати страни.

-Работната група работи на креирање краткорочни и долгорочни мерки за пензионерите. Повторно, како и претходната година, ќе бидат креирани антикризни социјални мерки како краткорочно решение и се работи на измени на Законот за пензиското осигурување, со кое ќе се обезбеди повисока минимална пензија. Тоа е системско решение како и претходното со усвојување на новата методологијата за усогласување на пензиите, со која се обезбедува постојан раст на пензиите, истакна Тренчевска.

Инаку, пред овој состанок, многу пензионери од повеќе градови на Македонија протестираа пред Владата. „Само 3.500 денари надеж за живот“, „Оставка“, „Ако има за вас треба да има и за нас“… се само дел од пораките кои може да се слушнат на денешен протест.

Претходна вестКомисијата за заразни болести препорача задолжително носење маски во здравствените установи
Следна вестГрад Скопје е избран за Европска престолнина на културата за 2028 година