Темен режим Режим на светлина

Комисијата за заразни болести препорача задолжително носење маски во здравствените установи

Македонската Комисија за заразни болести препорача да се воведе задолжително носење маска во здравствените установи. Имено, Д-р Злате Мехмедовиќ кој е портпаролот на Комисијата денеска информираше дека на состанокот на која се дискутирало за состојбата со коронавирус, била донесена една препорака – задолжително носење на маските во здравствените установи.

-Целта е да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исход, изјави д-р Злате Мехмедовиќ на прес конференција.

Инаку, ова следи по појавата на подваријантата на коронавирусот, Ерис, во околните земји, но и зголемениот број на ковид-случаи во Србија.

Препораката ќе се достави до Министерството за здравство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Приведен скопјанец, со товарно возило превезувал мигранти од Ирак

Следна објава

Министерката Тренчевска се сретна со пензионерите: Работиме на измени на законот...