Темен режим Режим на светлина

Приведен скопјанец, со товарно возило превезувал мигранти од Ирак

Приведен шверцер на мигранти. Имено, вчера, околу 17.30 часот, на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ го лишиле од слобода 51-годишниот Х. А. од Скопје, извести МВР.

-На местото, со товарно возило ‘мерцедес’, со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитна ограда на автопатот и запрел. Поради сознанија дека превезува мигранти, било извршено пребарување на теренот и во близина на местото биле пронајдени три лица мигранти од Ирак, од кои двајца малолетници, кои потврдиле дека пред незгодата се превезувале во возилото, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пензионерите протестираат пред Владата: Бараме повисоки пензии, ако има за вас треба да има и за нас

Следна објава

Комисијата за заразни болести препорача задолжително носење маски во здравствените установи