Мицкоски: Најлоши 100 дена на било која влада, влеговме во рецесија, афери, неспособно здравство…

Ова се најлошите 100 дена на било која влада досега, од која што може да се запаметат само загуби. 100 дена Влада на постојани загуби, оцени денеска лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој го искажа своето видување на отчетот за работата на Владата во последните 100 дена што претпладнево во поднесе премиерот Зоран Заев.

– За само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ. Влеговме во економска рецесија, пропадна банка, втор ТАТ, афера тешка 200 милиони евра, поскапе електричната енергија за домаќинствата, за жал 1.400 наши сограѓани во овие 100 дена го загубија својот живот од пандемијата поради акутната неспособност во здравството, и повеќе од 2.000 од денеска. Во Македонија се умира поради тоа што здравствениот систем е отруен од инфицирачка неспособност да се менаџира со него. Заслуга на Владата е на првото место за криминал во Европа, аргументира Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да се запрашаат дали се сеќаваат кој проект или мерка изградија и завршија Владата и Зоран Заев со која направиле граѓаните да живеат подобро.

-Со ветото од кај нашиот источен сосед, паднаа во вода сите лаги на власта дека Зоран Заев ќе обезбедел европска, достоинствена иднина. Но она што е загрижувачки е што постои хазадерската игра на Зоран Заев со идентитетот, историјата, јазикот. Човекот игра и губи со нашите вредности и обележја. Внимавајте он игра со „all in“ со вас и вашите животи. Војува и губи со туѓи синови, потенцира Мицкоски.

Тој потенцира дека Заев и Никола Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина, но не донесоа во ќорсокак.

-Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат  и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестМицкоски нема да оди на лидерска средба ако ја свика Пендаровски
Следна вестЛевица со претставка до Уставниот суд: Функцијата на Артан Груби е неуставна категорија