Мнозинството Французи не го сакаат западниот Балкан во ЕУ

Додека во Македонија политичарите секој момент го чекаат – датумот, жителите на Франција не се расположени ЕУ да ги отвори портите за државите од западниот балкан. Имено, нова студија открила дека дури 59 отсто од Французите не гледаат со наклонетост кон пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ. Испитувањето открило растечка недоверба кон блокот како целина, јави дописникот на МИА.

За потсетување, преговори за пристапување во ЕУ не се започнати со Македонија и Албанија, а со Црна Гора и Србија се во тек. Босна и Херцеговина како и Косово се сметаат за потенцијални кандидати.

49 отсто од испитаниците сметаат дека членството на Македонија и Црна Гора во ЕУ, би било лошо. За Македонија 25 отсто од испитаните рекле дека нејзиното членство би било добро, а додека 26 отсто се без мислење. За Србија негативно мислење имаат дури 60 отсто од Французите, за Босна и Херцеговина 58 отсто, Албанија 60 отсто и Косово 65 отсто.

 

Претходна вестНекаде исправена ограда, некаде легнат полицаец – тоа е Скопје полно со граѓани
Следна вестНе сме само ние: И Бугари пробале да минат граница со лажни потврди за ПЦР тестови