Темен режим Режим на светлина

МЗТ со тешка победа над Тиквеш, Пелистер подобар од Гостивар

МЗТ со тешка победа над Тиквеш, Пелистер подобар од Гостивар МЗТ со тешка победа над Тиквеш, Пелистер подобар од Гостивар

Кошаркарските екипи на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер забележаа победи во денешните натпревари од 19. коло во МТел Супер лигата.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го совлада Тиквеш со 88:85, но до победата дојде потешко од очекуваното. Првиот и последниот период завршија нерешено, додека домашниот тим беше подобар во вториот дел со два поена разлика и во третиот со еден поен.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Мек Смит-Меквен со 18 поени, додека кај Тиквеш ист број поени постигнаа Парсонс и Хоукинс.

Во Битола, Пелистер го победи Гостивар со 93:88. Домашниот тим на полувремето имаше убедливо водство од 55:39, а гостите до крајот на натпреварот успеаја само да ја намалат разликата.

Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дејвис од Пелистер со 26 поени.

Последниот натпревар од 19. коло, меѓу МКК Куманово и ТФТ, ќе се одигра во петок поради настапот на скопската екипа во АБА 2 лигата.

По ова коло, на табелата води МЗТ Скопје Аеродром со 36 бодови, пред ТФТ со 34 и Пелистер со 33. Следуваат Маџари и Кожув со по 29 бодови, Чаир со 28, МКК Куманово и Тиквеш со по 27, Работнички и Феникс со по 26, Гостивар со 23 и Ангели со 20 бодови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Тројца поранешни градоначалници на Кочани се влечат по судови без вина, тврди Шилегов

СДСМ иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов

Следна објава
Анкара: Израел ја крши меѓународната правна рамка со нападите во Либан

Анкара: Израел ја крши меѓународната правна рамка со нападите во Либан