Македонија ќе ја пречека селекцијата на Германија во Скопје во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026.
Натпреварот е закажан за 8 април со почеток од 18:00 часот и ќе се одигра во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
По четири одиграни кола во квалификациската група, Германија е лидер со максимални осум бодови и веќе обезбеди пласман на континенталниот шампионат. На второто место се наоѓа Словенија со четири бода, додека Македонија и Белгија имаат по два.
Македонската селекција квалификацискиот циклус ќе го затвори со гостување кај Словенија на 12 април, во обид да обезбеди подобар пласман во групата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




