Темен режим Режим на светлина

Четворица повредени на автопатот Охрид – Кичево

На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од с.Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од с.Стрелци, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мотоциклист тешко повреден откако излетал од пат

Следна објава

Македонија ЃП поразена од РФС Рига на првиот меч во Скопје