Темен режим Режим на светлина

Германски медиуми: Нашминкана за војна со Русија, германска министерка дала 300.000 евра државни пари за козметика и фотограф

Германските медиуми објавија дека министерката за надворешни работи Аналена Бербок дала огромна сума државни пари за шминка и фотограф во текот на минатата година. Според германската телевизија НТВ, Бурбок лани на државен трошок потрошила 136.552,50 евра за пудра, шминка и стајлинг. Бербок дури вработува и стилист кој добива месечен хонорар од 7.500 евра. Во германското МНР сумата за шминкерот ја правдаат со бројни средби и патувања кои ги имала министерката.

Објавувањето на овие информации предизвика големо внимание во германските медиуми, а угледот на министерката нагло опадна, откако се дозна дека лани за нејзино фотографирање биле издвоени 178.764,66 евра.

Аналена Бурбок предходно предизвика голем дипломатски скандал кога во говорот во Советот на Европа, неколку часа по одлуката за испраќање германски тенкови, пред камерите изјави дека Европа води војна против Русија. Тоа предизвика гнев кај канцеларот Олаф Шолц, кој веќе има бројни барања за нејзино разрешување.

Министерката за надворешни работи и канцеларарот долго време се во конфликт, а мислењата на Шолц и Бербок се многу различни, од испораката на оружје во Украина, до влезот на Кинезите во пристаништето Хамбург, како и новата безбедносна стратегија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

64 ќесички дрога и шприцеви со црна течност пронајдени кај скопјанец

Следна објава

Саудијците планираат во својата лига да ги донесат Рамос, Бензема и Модриќ