Ни налепија ветувања, ама ги нема евтините налепници за регистарските таблички

Уште ништо нема од ветените и најавените налепници со фамозното „НМК“ кои требаше да се ставаат на регистарските таблички. Така ќе се прескокнеше недоволно осмислениот ултиматум даден од МВР сите лица кои имаат возила со ознака „МК“ да мора да ги сменар тегистарките таблички за што треба дебело да плата и еден куп дикументација да сменат.

Зошто уште се чека?

-Немаме најава дека ќе се дојдат нови налепници, ни рекоа денеска во едно од скопските претпријатија каде се прават обавезните техничките прегледи на возилата пред да добијат регистрација.

Веќе изминува цел месец дена откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека ќе предложи конкретно решение оти виделе дека народот негодува.

– Веќе е формирана работна група којашто треба да предложи конкретно решение. Мора да направиме една комбинација која ќе биде од интерес на граѓаните, меѓутоа да имаме и сериозно одговорност. Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент, изјави тогаш министерот Спасовски.

Но, до сега нема никакви најави за тоа дали е на повидок решението коешто повеќе ќе им одговара на граѓаните. Вака, до сега се уште трае статус – кво состојбата и во најнезавидна ситуација се оние граѓани на кои токму деновиве им истекува регистрацијата на возилата и коишто треба пак да ги регистрираат возилата. Тие не знаат дали да си ја продолжат старата регистрација, на приемр, со МК или со имињата на градовите, или, пак, да платат за нова со НМК? Што и да направат има ризик да згрешат со оглед на тоа што МВР не се изјаснува.

Инаку, во петициите кои изминативе недели кружеа по социјалните мрежи се наведуваше дека според член 3 алинеа Д од Преспанскиот договор, треба да се симни само ознаката на регистарските таблици и да биде „НМ“ или „НМК“. Односно, дека никаде не пишувало дека треба да се сменат таблиците.  

Истовремено, цело време граѓаните преку социјалните мрежи цел месец посочуваат дека промената на таблиците е непотребна и омаловажувачка, а ако власта решила да угодува на странци и ако веќе мора да се тргне „МК“ и замени со „НМК“ зошто тоа не се прави со една налепница што е далеку поедноставно и поевтино. Реагираа и транспортните организации кои имаат многу возила и би имале многу проблеми при смена на таблиците. Но, сето тоа се уште не било доволно да се најде решението…

Претходна вестДемократски сојуз: Владата да престане да ги третира учениците како експериментални глувци
Следна вестВладиката Петар: Вселенската патријаршија бара да не се именуваме никаде дека сме Македонска православна црква