Темен режим Режим на светлина

Нова тешка сообраќајка во Чаир – загина возач

Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал

Утрово бил евидентирана уште една тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Цветан Димов“ во Чаир. Министерството за внатрешни работи соопшти дека починал 75-годишен маж, додавајќи дека надлежните органи вршат потребни проверки за да се утврдат причините за несреќата.

-Денес (28.04.2025) во 10:15 часот во СВР-Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на булеварот „Цветан Димов“ во Скопје, во која учествувале возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (75), паркирано комбе „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, претходно управувано од Х.И., кое од силата на ударот се поместило и удрило во паркираниот камион „МАН“, со скопски регистарски ознаки, претходно управуван од Л.С. Од страна на лекар од Итна помош е констатирана смрт на М.Д.

На местото на настанот се врши проверка од јавен обвинител од ОЈО Скопје, соопштија од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Вонредно слетување на лет од Скопје поради здравствен проблем на патник

Од сабота, 3 мај авиокомпанијата „Визер“ почнува со летови од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона и Лион

Следна објава

Палевски: Шокиран сум што ОЈО една и пол година крие пиштол