Темен режим Режим на светлина

Палевски: Шокиран сум што ОЈО една и пол година крие пиштол

На денешното рочиште од судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, првообвинетиот Љупчо Палевски одговара на распитот на застапничките на обвинението, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ.

Обвинителките го започнаа распитот укажувајќи на фактите дека Палевски има проблем со почитувањето на законите, наведувајќи ги како аргумент податоците од неговата казнена евиденција дека досега бил осудуван повеќе пати во подолг временски период. До Палевски беше упатено прашањето „ дали е така“?

-Ниту еднаш не се спомна какво било кривично дело врзано со насилие, грабнување и убивање луѓе. Обвинителката заборави да каже дека осудите во Хрватска се условни и казнета е фирмата која не платила фактури, а не јас како физичко лице. Го потсетувам јавниот обвинител дека пак го крши законот зато што не извадил евиденција од судот од Прилеп, каде сум осуден на три години затвор за пресретнување, снимање на телефонски комуникации без разлика што обвинителот од Прилеп барал условна осуда. И сето ова е додека јас сум во притвор во Прилеп, во мое отсуство таму. Обвинителката намерно ја испушти оваа пресуда што го докажува овој политичко-правен случај, одговори Палевски, алудирајќи дека и ова судење за двојно убиство против него е од политички причини.

Обвинителството на тоа возврати со прашањето – ако сите пресуди во Македонија се донесени поради политички прогон, дали е тоа случај и со пресудите во Хрватска?

-Не, ако беше така јас ќе кажев. Бев јасен и прецизен дека станува збор за штета од 4.000 евра која ја надоместив и никаде не спомнав политички прогон во Хрватска, рече Палевски.

Обвинитеството го соочи Палевски со една од причините за неговото ненадејно напуштање на Македонија на 30.11.2023 и да замине за Белград, дека тоа била неговата здравствена состојба. Односно го соочуваат со записник од неговата екстрадиција од Турција, во кој е констатирано дека при неговото заминување од Македонија земал: микрофони, таблети, фотоапарати, хард дискови, слушалки, картички на име на партијата Десна со овластувања за него… Според обвинителството, сето ова е констатирано во записник од кој произлегува дека најмалку што носел со себе Палевски била медицинска документација за да оди на второ специјалистичко мислење, без при тоа да има закажано каков било каков преглед. Од сите констатции произлезе прашањето за Палевски – дали е точно дека се упатил во Белград со друга цел?

-Во мојот исказ наведов најмалку три – четри причини зошто заминав на пат, но со намера да се вратам за роденденот на партијата. Јас тогаш јасно наведов дека кога правите магнетна резонанца добивате право за второ специјалистичко мислење, кое мене ми беше потребно. Првото мислење го имате во доказите, а кои вие не сте ги виделе. Со мене носев две цедеа, кои обвинителството буквално ги украло. Едното цеде е магнетна резонанца од 2016 година, а другото од 2020 година… Кога ќе направите во 2023 година уште една магнетна резонанца ќе се види прогресирањето на болеста. Тоа го има во Систина, но ми беше украдена. ‘Мој тремин’ надвор од Македонија не важи, па затоа во странство тоа се прави приватно. Тоа е мојата логика за да одлучам дали ќе ја оперирам кичмата. Другите причини веќе ги кажав во мојот исказ, одговори Палевски за причините за неговото ненадејно напуштање на Македонија на 30 ноември 2023 година.

Сепак за обвинителството е премногу чудна брзата одлука на Палевски „сега и веднаш“ да замине за Белград и тоа на изненадување на неговите сопартијци, иако за два дена требало да се одржи Централен комитет, а за 12 дена и конгрес на партијата.

-Шокиран што медиумите не смеат да откријат факт дека ОЈО една и пол година крие пиштол -така шокиран одговарам на прашањето. Никој од сопартијците не бил шокиран, за што не приложивте ни доказ. Вашиот сведок Васил Стојков, убаво ви објасни дека на 30.11.2023 до 12 часот сме се шуткале низ градот и после сме заминале за Белград на регуларен премин, по регуларен автопат по што регуларно, со регуларен пасош се сместив во хотел во Белград, а вечерта имав средба со професор, со кој неколку часа дебатиравме за политика. Како тоа вам ви изгледа, не е битно. Ваша обврска е да доставите доказ, возврати Палевски на прашањето на обвинителството.

Потоа обвинителството праша зошто Палевски како „разумен и совесен човек“ не се пријавил самиот во полиција во Турција, зашто како што самиот кажал во исказот, отишол во пицерија во Баликесир (Турција) и чекал да го уапсат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал

Нова тешка сообраќајка во Чаир – загина возач

Следна објава

СВР Битола го одбележа денот на загинатите битолски полицајци во Вејце