Темен режим Режим на светлина

Нови современи спортски содржини на Кејот на Вардар

Нови современи спортски содржини на Кејот на Вардар Нови современи спортски содржини на Кејот на Вардар

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните, информира Град Скопје.

Од таму информираа дека денеска официјално се пуштени во употреба реконструираните спортски терени, при што се обновени игралиштата за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и заштитна ограда. Проектот е дел од пошироката стратегија за уредување и ревитализација на кејот на Вардар, со цел создавање функционален и модерен јавен простор достапен за сите генерации.

Надлежните истакнаа дека вложувањата во спортската инфраструктура се директна инвестиција во здрави млади генерации и поквалитетен урбан живот.
Се потенцира и значењето на институционалната соработка, која овозможува реализација на проекти од значење за граѓаните, со најава дека ова е почеток на нов циклус на развој на јавните простори во градот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Платете стари долгови кон „Водовод и Канализација“ до 5 јуни на рати и без камата

Платете стари долгови кон „Водовод и Канализација“ до 5 јуни на рати и без камата

Следна објава
СДСМ со интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

СДСМ со интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски