Промовирано е ново современо и уникатно против пожарно возило.
Како што објасни Влатко Николовски, координатор на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, возилото е во комплетно домашно производство и е направено благодарение на 30-годишното искуство на командниот тим на скопската бригада.
-Целиот развој е направен без никаква владини, невладини фондации или фондови, за да докажеме дека Македонија може да развива мобилно и моќно возило. По него, многу брзо ќе следува уште поголемо возило за шумски пожари, кое е полесно за производство. Во исто време успеавме први во Европа и во Америка да развиеме дрон кој гаси пожари и кој многу пати досега покажал феноменални резултати, истакна Николовски.
Тој додаде дека возилото е економично и едноставно за одржување и дека секое следно ќе биде уште подобро.
На промоцијата им беше посакано добродојде на новиот тим пожарникари, кои неодамна беа вработени.





