Темен режим Режим на светлина

Ново правило во Белата куќа

САД не исклучуваат воени опции, но копнена интервенција не е на маса САД не исклучуваат воени опции, но копнена интервенција не е на маса

Белата куќа синоќа објави ново правило со кое се ограничува можноста на акредитираните новинари да имаат слободен пристап до канцеларијата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит и други високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба.

Во меморандум објавен доцна синоќа се вели дека на новинарите ќе им биде забрането да влегуваат во просторијата без претходно закажување, наведувајќи ја потребата од заштита на потенцијално чувствителни информации. Во документот се вели дека промената ќе стапи на сила веднаш.

Одлуката на Белата куќа следува по ограничувањата воведени претходно овој месец за акредитираните новинари во Министерството за одбрана, што принуди десетици новинари да ги напуштат канцелариите во Пентагон и да ги вратат своите акредитации, пренесуваат светските агенции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик, почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026

Следна објава

12-годишник е крадецот кој во Битола ограби автобус кој превезувал третооделенци на екскурзија, полицијата го уапсила